Мирковски и следната сезона ќе е тренер на Куманово
Кошаркарскиот клуб Куманово на својот Фејсбук профил објави дека ја продолжува соработката со Владимир Мирковски и дека актуелниот тренер ќе го води тимот и наредната сезона.

Мирковски дојде на средина на сезоната каде што го наследи Игор Ѓорѓиевски. Смената не донесе голем резултат и тимот по својата дебитанстка сезона во Прва лига, оваа сезона втор пат во својата историја играше плеј-аут. Победите дојдоа во овој дел од првенството, кога Куманово забележа пет победи во низа и избега од зоната за испаѓање во понизок ранг.
Денеска Куманово и гостува на Академија ФМП, а до крајот на сезоната преостануваат уште два натправри - против Работнички и вториот тим на МЗТ Скопје.