Младинките на ЖРК есенски шампионки, го победија и Металург
10.12.2019 09:48
| KumanovoNews
Младинките на Куманово, во рамките на Младинска лига жени, ја победија екипата на Металург на гостински терен.

Натпреварот заврши со резултат 36:41.
Првото полувреме кумановските ракометарки го завршија со резултат од 17:10, додека пак во второто полувреме успеаја да победат со пет гола разлика.
Постигнати голови на Куманово: Мила Трајковиќ 10 гола, Јована Кипријановска 8 гола, Сара Цветановска 8 гола, Ангела Јанкуловска 6 гола, Тамара Ивановска 5 гола, Наталија Пецанова 4 гола.
ЖРК Куманово е есенски шампион во Младинската лига жени заземајќи го првото место на табелата со три победи од три одиграни натпревари.