Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Утре младинскиот состав на ЖРК Куманово ќе го одигра завршниот фајнал фор турнир против екипата на Металург.
Домаќин на турнирот е екипата на Кожувчанка, Штип, која во овој турнир ќе ги одмери силите со младинскиот состав екипата на Вардар.
Ова е последниот натпревар од фајнал фор турнирот за оваа сезона.
Со самото пласирање во најдобрите четири, докажавме дека има иднина за женскиот ракомет. Овие млади ракометарки се перспективата на нашиот град-изјави Габријела Трајковска капитенот на екипата.
На турнирот ќе се игра квалитетен ракомет кој претставува доказ дека Кумановчани вложуваат напор во помладите спортисти-додаде капитенот на екипата.
За утрешните натпревари изјавија дека ќе го дадат својот максимум за подобар пласман.
Натпреварот за третто место започнува во 16 часот, а борбата за прво место во 18 часот.