Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Помладите кадетки на Кошаркарскиот клуб Крива Паланка денеска остварија победа против екипата на ЖКК Арена Тим од Штип на домашен терен.
Во дуелот од М-14 генерација кривопаланчанки имаа предност од десет поени во првите три минути од мечот и предноста успеаја да ја сочуваат до крајот. Натпреварот заврши со резултат 52-33 за кривопаланечките кошаркарки.
„Одличната одбрана на нашите играчи беше клучна за добрата игра во текот на целиот натпревар. Игравме тимски, со силна пожртвуваност на сите играчи на паркетот, она на што работиме во континуитет, така што, им честитам на девојките и задоволен сум од натпреварот. Сѐ што сработивме на тренинзите успеавме да го прикажеме и реализираме. Продолжуваме да работиме посветено и во наредниот период“, изјави тренерот на КК Крива Паланка, Виктор Петровски.
КК Крива Паланка беше домаќин и на натпреварот од младинската лига на Кошаркарската федерација на Македонија за генерацијата 2006/07 година, во кој беа послаби од противничките од Арена Тим Штип. Иако одиграа две рамноправни четвртини, сепак со противникот беше посилен, а натпреварот заврши со резултат од 91-58 во корист на штипјанки.