Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Машкиот ракометен клуб Куманово ја забележа првата победа во Супер лигата против екипата на Вардар Неготино со резултат 24-26.
По првичното водство од 2 - 0 за Вардар, ракометарите на Куманово се вратија во натпреварот и успејаа да воспостават контрола и на полувремето да заминат со 3 гола предност. Во второто полувремето кумановци дојдоа и до предност од 6 гола, но натпреварот влезе во неизвесна завршница. Сепак, Стефан Кимевски одбрани два пенала по ред, по што беше поставен конечниот резултат од 24-26.
Вучко Мрвовиќ постигна 6 гола за тимот на Куманово, а Стефан Колоски го заврши натрпеварот со 5 гола.
Следниот натпревар Куманово го игра против Охрид.