Мурињо избегнал напад со нож
05.03.2011 14:28
| KumanovoNews
Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо избегнал напад со нож додека подпишувал автограми на аеродромот во Ла Коруња.

Веста ја открило шпанското радио „Кадена сер“, а во инцидентот е повреден припадникот на обезбедувањето на „кралскиот клуб“ кој се здобил со убодна рана длабока четири сантиметри.
Не е познато дали Мурињо знаел дека е мета на нападот, а повредениот член на обезбедувањето дури во автобусот ја видел крвта.
Камерите на аеродромот веројатно го забележале инцидентот, а пред мечот со Расинг Сантандер Реал ги зголемил мерките на безбедност.