МЗТ им забрани на Кумани да го гледаат финалето
17.05.2016 14:59
| KumanovoNews
Управата на МЗТ Скопје Аеродром одкако ја извести јавноста дека сите се добреојдени на првиот финален меч помеѓу МЗТ Скопје и Куманово, денеска преку писмо извести дека Кумани нема да можат организирано да навиваат на овој натпревар.

Кумани нема да можат на овој натпревар да ги внесат своите реквизити за навивање. Од друга страна, навивачката група „Фемили“ оваа сезона ги бојкотира натпреварите на МЗТ Скопје. Натпреварот ќе можат да го проследат само „неутралните“ симпатизери.