Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово загубија на третиот натпревар од финалната серија со резултат 91:73.
МЗТ Скопје имаше фуриозен старт и уште во првата четвртина ги постави максималните 12 поени предност. Куманово брзо се консолидира и единственото водство го имаше во втората четвртина но не успеја да го сочува и МЗТ се врати на 5 поени предност до крајот на полувремето. По полувремето Куманово успеја да фати ритам но Дамјан Стојановски имаше одлична трета четвртина во која постигна 13 поени и тимот од Аеродром остана со предност од 8 поени.
Во средината на последниот период Караџовски ја заработи петтата лична грешка, Куманово прими невозможен кош од Марко Луковиќ и поените по аутот кој беше изведен од грбот на Јанески додатно ги потрошија играчите на Куманово. Марко Симоновски беше играч кој држеше неизвесност но одкако шутерот на Куманово ги промаши двете слободни фрлања, беше јасно дека Куманово нема да може да извојува победа на овој меч.
МЗТ Скопје имаше премногу разиграни играчи, дури шест двоцифрени кошаркари од кои Дамјан Стојановски постигна 19 поени.
За Куманово Александар Костовски постигна 17 поени.
Следниот натпревар се игра во петок во Спортската сала.