Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром пред празни трибини вчера успејаа да ја одбранат титулата шампион на Македонија. Во натпревар со многу инциденти кои ја ставија кошарката во втор план, МЗТ победи со резултат 88-90.
Првото полувреме беше крајно неизвесно и неколку пати имаше промена на водството, а на паузата Куманово замина со 2 поени разлика. Во третиот период се чини дека Куманово фати ритам и постигна максимални 9 поени разлика. На максималната предност следуваа брзи четири поени од МЗТ а со техничката на Бојан Трајковски кулминираше атмосферата во Спортската сала по што беше наредено празнење на трибините. Празнењето на салата е посебен настан кој го обележа оваа финале и фрли дамка врз целата финална серија и кошаркарски спектакл.
Паузата очигледно повеќе му одговараше на тимот на МЗТ Скопје кој ја смали разликата на 4 поени во третиот период. Во последната четвртина МЗТ погоди шест шута за три поени, од кои Дамјан Стојановски постигна три тројки, пред него еднаш погодија Мијатовиќ и Дреновац а Протиќ ја постигна решавачката тројка која донесе 1 поен предност за МЗТ. Конечен резултат на мечот беше 88-90.
Ѓорѓе Дреновац беше најефикасен поединец на на натпреварот со постигнати 25 поени. За Куманово, Бојан Трајковски и Александар Костовски постигнаа 23 поени.
Тимот на МЗТ Скопје ја освои петтата титула по ред во домашното првенство, со што завршува оваа турбулентна кошаркарска сезона.