×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • МЗТ Скопје и идната сезона со вајлд-карта во АБА лигата

    19.03.2013 08:32 | KumanovoNews

    Актуелниот македонски првак МЗТ Скопје и идната сезона ќе биде дел од АБА лигата.

    МЗТ Скопје и идната сезона со вајлд-карта во АБА лигата

    Како и унгарскиот тим Солнок, МЗТ Скопје во регионалното натпреварува ќе настапува со "вајлд-карта" што значи дека нема шанси да испадне оттаму. АБА лигата и идната сезона ќе брои 14 екипи, а нема проширување ниту во однос на земјите од каде ќе доаѓаат учесниците.

    Србија ќе има најмногу претставници идната сезона - четири, Хрватска три, Словенија и БиХ по два, Црна Гора ќе ја претставува Будуќност, а двата тима со "вајлд-карти" ќе бидат унгарскиот Солнок и македонскиот МЗТ Скопје-објави директорот на лигата, Јосип Билиќ.

    Тој изрази задоволство од актуелната сезона, од квалитетот на натпреварите, како и неизвесноста која е присутна од почетокот до сега.

    Ова е најнеизвесна сезона од основањето на лигата. Голема е конкуренцијата, како за пласман на фајнал-форот, така и за местата кои водат во Еврокупот, а особено во борбата за опстанок. Првпат од основањето, клубовите од АБА лигата остваруваат право за настап во Евролигата и тоа е огромна предност во однос на претходните години-додаде Билиќ.

    Од АБА лигата сезонава останаа уште последното коло од регуларниот дел и фајнал-форот кој е на програмата од 25 до 27 април во Лакташи. Пласман во Евролигата веќе обезбеди Игокеа, а втор претставник во елитното европско кошаркарско натпреварување ќе биде победникот на завршниот турнир. Ако и тоа биде Игокеа, во Евролигата ќе учествува второпласираниот тим од регуларниот дел на сезоната.