×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • МЗТ Скопје и Кожув вечерва ја започнуваат битката за тронот

    19.05.2013 09:54 | KumanovoNews

    Вечерва во спортската арена Борис Трајковски во Скопје бранителот на титулата МЗТ Скопје и најдобриот тим од регуларниот дел на првенството Кожув со директен пренос на Пет Плус ја отвораат финалната серија до четири победи во кошаркарскиот плеј оф.

    МЗТ Скопје и Кожув вечерва ја започнуваат битката за тронот

    Актуелниот шампион МЗТ Скопје во ова големо финале против дебитантот во завршницата Кожув влегува како благ фаворит, поради квалитетот на тимот и поголемото искуство на кошаркарите  во вакви финални средби.

    Избраниците на Пипан финалната серија ја очекуваат  по одморени од нивните ривали од Гевгелија, металците полуфиналето против Фени Индустри го завршија експресно  уште во вторникот по само две средби, за разлика од нив Кожув  последниот дуел во полуфиналето против Работнички го одигра во петокот вечер по што во Гевгелија се славеше историското прво финале.

    Марјан Србиновски  предводникот на Кожув презадоволен од досегашните резултати и покрај заморот  најавува долга серија во финалето . Кожув е единствениот тим сезонава на домашната сцена кој успеал да го победи актуелниот шампион МЗТ Скопје.

    Играчки МЗТ Скопје има поквалитетен тим но секако ,металците тој квалитет ќе мора да го покажат и на теренот.

    Ако Кожув успее да го запре ударното трио на металците Гечевски, Чековски и Дамјан Стојановски ,гевгеличани може да се надеваат на долга серија. Србиновски на клупата како ниту еден друг супер лигаш од Македонија има неколку квалитетни и силни центри кои покажаа дека може да му  парираат на репрезентативниот центарски тандем на МЗТ Гечевски -Чековски .

    Одбраната на МЗТ Скопје пак во оваа финална серија најголем проблем се очекува да има од својот поранешен член бекот Игор Мијаловиќ од непредвидливиот Димитар Караџовски и од силниот центар Слободан Божовиќ.

    Финалето започнува од 19 часот во Борис Трајковски  пет минути поранo на Пет Плус телевизија стартува директниот пренос од ова големо финале.