×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Наумовски го повика Дамјановски да не меша политика и спорт

    24.03.2017 16:45 | KumanovoNews

    По обвинувањата на градоначалникот Зоран Дамјановски, дека Петар Наумовски е виновен за состојбата во која се наоѓа македонската кошарка, денеска пристигна одговор од претседателот на Македонската кошаркарска федерација.

    Наумовски го повика Дамјановски да не меша политика и спорт

    Наумовски го повикува Дамјановски да не меша политика и спорт и најави реформи во кошарката за излез од неколкугодишната криза.

    Не знам со каква реакција Вас Ве имам навредено и не знам зошто мешате политика и спорт?! Дали очекувавте по барањето на играчот за раскин на договор и доказите што го поднесовте по барање на Комисијата да ви бидат прифатени како валидни, кога сите знаеме дека се направени дополнително или пак можеби во минатото сте имале такви искуства со луѓето од федерацијата, па истото го очекувавте и овој пат? Сега треба да знаете дека не само за Вас, туку за ниту еден од клубовите јас лично нема да дозволам фалсификат документ по кој било основ да помине како валиден.

    Дали очекувавте и дали мислите дека еминентни стручњаци од правната фела коишто се членови на двете комисии при МКФ, Регистрациската и арбитражата, со нивното долгогодишно искуство и реноме можам јас како Петар Наумоски да влијаам врз некоја правда односно неправда и на тој начин да им ги погазувам нивните дипломи знаење и искуство?!

    Очигледно не го знаете кој е Петар Наумоски и на кој начин функционира. Затоа уште еднаш би ви препорачал да политиката и спортот не помислувате да ги мешате, затоа што спортот не се меша во политиката!

    Мене не ме бирале граѓаните на Република Македонија на коишто вие се повикувате. Мене ме бирале кошаркарски клубови и институции и тие истите само пред три месеци ми ја дадоа целосната поддршка со уште поголем број на гласови отколку пред 22 месеци. Од тие причини сметам дека цел овој период поминат на оваа позиција чесно, домаќински и исклучително во интерес на кошарката се случуваат голем број на реформи со кои кошарката конечно ќе тргне во вистинскиот правец и излезе од кризата во која се наоѓа последните неколку години. Единствен орган кој може да ме смени мене е Собранието на МКФ односно неговите членови“, - стои во рекацијата потпишана од Петар Наумовски.

    Фото: www.mkf.mk