Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На двата НБА натпревари кои што се одиграа во текот на ноќта, Лејкерси загубија од Клиперс, додека Мајами беа поуспешни од Оклахома.
Екипата на ЛА Лејкерс, уште на самиот старт имаше голема негатива, кога првата четвртина ја загуби со резултат 17:31. Клиперси ја задржаа големата предност до полувремето, каде што резултатот изнесуваше 52:64 за гостите. Во продолжението на натпреварот, доминацијата на Клиперс продолжуваше со што тие славеа со огромни 24 разлика, 101-125.
Кај Клиперс, Крис Пол постигна 24 поени, додека кај Лејкерс Коби Брајант постигна 20.
На вториот дерби натпревар, екипата на Мајами ја совлада екипата на Оклахома со резултат 100-110.
Гостите од Флорида ја контролираа играта во текот на целиот натпревар. Слично како и на другиот дуел, првата четвртина ја добија гостите со 17:32, а на полувремето имаа предност од 46:63. До крајот на третиот дел од натпреварот гледавме доминација на Мајами, додека последната четвртина и припадна на екипата на Оклахома (31-22) со што домаќините успеаа да направат поразот да изнесува само 10 разлика (100-110).
Кај гостите, уште една одлична партија имаше ЛеБрон Џејмс, постигнувајќи 39 поени, додека кај Оклахома, Кевин Дурант постигна дури 40 поени.