Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Индијана го изедначија резултатот во победи (2:2) во финалето на Источната конференција откако ноќеска пред своите навивачи го совладаа првакот Мајами со 99:92.
По минималната предност на крајот од првиот дел 48:47, домаќинот (Индијана) во последнта четвртина влезе со седум поени предност (79:70) што се покажа недостижно особено што домашните играчи одиграа константно добро во одбраната.
Рој Хиберт со 23 поени и 12 скока беше најдобар на натпреварот, додека Леброн Џејмс имаше 24 поени кај Мајами. Натпреварот број 5 се игра во четврток навечер на теренот на Мајами.