Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Хјустон се играше НБА Ол Стар натпреварот каде селекцијата на Западот триумфираше со 143-138 над преставниците на Источната конференција.
Најкорисен играч на спекталкот беше Крис Пол.Звездата на Клиперси имаше клучна улога во третиот по ред триумф на Западот .Пол запиша 20 поени и дури 15 асистенции.Кевин Дурент со 30 коша заврши како најефикасен на мечот и во редовите на победникот.Во селекцијата на Истокот,Кармело Ентони постигна 26 поени, Двејн Вејд 21, неговиот соиграч од Мајами, Леброн Џејмс уфрли 19 коша.
После 63 Ол Стар натпревар,и натаму во предност се преставниците на Источната конференција со 36 победи.Наредното издание на Ол Старс во 2014 година, ќе се организира во Њу Орлеанс.