Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Сан Антонио ја искористија предност на домашен терен и поведоа со 2:0 во финалето на Западната конфренција.
Тие на двата домашни натпревара постигнаа победи. Синоќа дури по продолжение го совладаа Мемфис со 93:89.
Центарот на домашната екипа, Тим Данкан се разигра во продолжението и постигна шест од своите 17 поени, додека Тони паркер имаше 18 асистенции, јави МИА.
Кај поразената екипа со по 18 поени се истакнаа Мајк Конли и Џарид Бејлес.
Следните два натпревара се играат на теренот на Мемфис, а вечерва почнува и финалето на Источната конфренција меѓу шампионот Мајами и Индијана.