Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ненад Краљевски повторно ќе го предводи кумановските ракометарки, по само шест месеци пауза. Со него ЖРК Куманово го освои на купот на Македонија минатата сезона.
- Чест и задоволство ни е да ви го претставиме новиот тренер на нашиот тим. Се надеваме на големи успеси во иднина и остварување на целата на клубот со помош на Ненад ,- велат од ЖРК Куманово.
Ненад Краљевски во тренерските води е од 1994 година, со огромно искуство и знаење. Тој бил тренер на РК Црвена Звезда во период од 2004 до 2008 година, каде ја освојува и последната титула на екипата, настапува во Лигата на Шампионите на ЕХФ. Тренер на Мојковац, Прибој, Железничар, Слога, Јуниор, потоа на кадетската репрезентација на Србија, тренер на кадетската репрезнтација на Црна Гора, тренер на женската репрезентација на Шри Ланка, освојувач на купот на Македонија со нашиот тим минатата сезона.