Нова победа на ракометарките во Гевгелија
10.12.2017 14:04
| KumanovoNews
Ракометарките на Куманово по убедливиот пораз од Вардар, се вратија на победничките патеки одкако забележаа победа против тимот на Гевгелија со резултат 23-19.

Ова беше тежок натпревар за кумановчанки кои не успеаа да направат голема разлика, по која ќе влезат во лесна завршница. Гевгелија пружи одличен отпор, домашниот тим дури и поведе по паузата од полувреме, но ракометарките на Куманово се вратија во мечот, и направија разлика од 3 гола која ја одржуваа до крајот на натпреварот.
Мила Трајковиќ беше најефикасна во тимот на Куманово со 5 гола. Кај домаќините на овој натпревар, Драгица Митрова постигна 11 гола.