Нови СЕХА дуели за Металург и Вардар Про
20.02.2013 09:37
| KumanovoNews
Вечерва двата најквалитетни македонски ракометни тима, Металург и Вардар про ги очекуваат нови возбудувања во регионалната СЕХА лига.

Во рамките на 13. коло македонскиот шампион во Автокоманда ја пречекува последнопласираната Слога Добој од 18 часот.
„Црвено-црните“, кои се актуелен шампион во регионалното натпреварување, од 19 часот гостуваат против Извиѓач.
Водечки на табелата е Мешков брест со 28 бода, пред Загреб, кој има 26. Потоа следат македонските тимови Металург со 24 и Вардар про со 23, но тие имаат и меч помалку.