×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Оља Цветанова од Куманово најдобра на трката на планински велосипедизам во Грција

    27.05.2024 14:05 | Оливера Пешевска

    Оља Цветанова (11) од Куманово освои едно прво и две втори места на натпревар по планински велосипедизам во Игуменитца, Грција. Таа е член на „Крос сајклинг Куманово“ и била единствена натпреварувачка која не е од Грција, а учествува на триделниот Мини куп - следна генерација на планински велосипедизам.

    Оља Цветанова од Куманово најдобра на трката на планински велосипедизам во Грција

    Успехот не е изненадување, затоа што таа е и државен шампион во својата категорија.

    „Тренира вредно и упорно, се вложува максимално и има неограничена волја за напредок, па на некој начин и очекуван е нејзиниот успех. Горд сум што започна гледајќи ме мене, вистинска татина ќерка, но мислам дека ќе ме надмине, барем со она што досега го постигнува“, истакна тренерот Емил Цветанов.

    Во категоријата на натпреварувачи го освоила првото место совладувајќи ја нејзината најголема конкурентка.  Во рамките на Супер мини купот- следна генерација во Грција се одржале и трки за вешто возење и екстремната елиминаторска трка, каде го освоила второто место, па дома се вратила со три медали.

    Следна цел е последниот, трет дел од мини купот кој треба да се одржи во Трикала, Грција, а подоцна ќе настапи и на натпревар за планински велосипедизам во Нишка бања. Пред заслужениот одмор ја очекува и Државното првенство на Македонија, во јули по што ќе следува одмор и пауза пред да започне следната сезона.

     Клубот "Крос Сајклинг Куманово" последнава година е вицешампион на Македонија, но во претходните три сезони ја имале титулата како најуспешен и најнаградуван клуб во национални рамки. Имаат актуелен шампион и вице шампион на Македонија меѓу машките членови.

    Најавуваат дека не застануваат тука, туку интензивно ће тренираат и се надеваат на уште поголеми успеси на домашните и меѓународни натпреварувања.