×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Куманово за оваа година издвои 325 илјади евра за поддршка на спортот

    25.01.2024 10:47 | Оливера Пешевска

    Програмата за спортски активности на Општина Куманово ќе чини 20 милиони денари, односно 325 илјади евра и е за 3,5 милиони денари повисока од минатогодишната. 

    Општина Куманово за оваа година издвои 325 илјади евра за поддршка на спортот

    Најголем дел од средствата се предвидени за поддршка на врвен спорт и реактивирање на постојните и создавање на нови спортски клубови во поедини спорстки дисциплини, која чини скоро 12,27 милиони денари или 199 илјади евра, а 2 милиони денари се издвојува за непредвидени трошоци кои би можеле да се јават во текот на годината.

    Во 2024 година ќе се помогнат 39 спортски клубови, за разлика од минатата година кога биле 33.  Од поголемите клубови во градот, на списокот го нема единствено кошаркарскиот клуб „Куманово 2009“. За овој клуб лани беа планирани 1,5 милиони денари, но подоцна општината му ги зема, под образложение дека се клубот е приватен и недомаќински ги троши средствата. 
     
    Наспроти нив, Младинскиот кошаркарски клуб „Куманово“, кој е во иста лига како КК Куманово,  ќе добие 2 милиони денари, а и минатата година доби повеќе од 1,5 милион денари. 

    За  женскиот кошаркарски клуб Куманово се предвидени околу 900 илјади денари, што е три пати повеќе од лани.

    Кошаркарскиот клуб „Ринија баскет“ ќе добие 250 илјади денари. 

    Средства има и за Општинскииот фудбалски сојуз во висина од 400 илјади денари.

    Градскиот фудбалски клуб Куманово, кој беше формиран на почетокот на минатата година ќе добие 1,5 милиони денари или нешто повеќе од 24 илјади евра, а настапува во трета лига Север. Лани доби 1,1 милион денари.

    Фудбалскиот клуб „Башкими“ ќе добие 800 илјади денари.

    Футсал клубот „Форца“ 300 илјади денари.

    Женскиот фудбалски клуб од Речица, кој играат во првата женска фудбалска лига ќе добие 600 илјади денари. 

    За  Машкиот ракометен клуб Куманово одвоени се 2 милиони денари или 500 илјади денари помалку во однос на предходната година. 

    Женскиот ракометен клуб добива 1,1 милиони денари, незначително повеќе од лани. 

    Женскиот одбојкарски клуб Куманово 450 илјади денари.

    Боксерски клуб „Куманово - 84“  ќе добие 300 илјади денари.

    Атлетски клуб Куманово 200 илјади денари.

    Сите други спортски клубови во различни дисциплини добиваат многу помалку средства од веќе споменатите. Меѓу нив се велосипедски, шаховски, гимнастички, оние кои се занимаваат со останати боречки вештини, пливачки, тениски клубови итн. За дел од нив средствата се наменети само за учество на поединци на државните првенства.