×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пандев се враќа во првиот тим на Интер

    08.02.2011 09:09 | KumanovoNews

     Најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев повторно ќе биде стартер на Интер, против Баерн Минхен во осминафиналето од Лигата на шампионите.

    Пандев се враќа во првиот тим на Интер

    Милито, кој ги даде сите клучни голови во хет-трикот на трофеи за Интер лани, заработил повреда на бутниот мускул и според клупскиот лекар Франко Комби, ќе мора да паузира четири недели. Според Комби, Милито има втор степен на напукнување на бицепсот на мускулот, повреда која ја здобил на саниот крај од дербито со Рома во неделата.

    Интер ќе мора да се потпре на Пандев и на Ето за првиот меч со Баерн Минхен на 23 овој месец, затоа што Леонардо нема да може да смета ниту на новото засилување Џампаоло Пацини, кој во ЛШ има настапи во квалификациите за Сампдорија, што звтоматски значи дека нема право на настап за Интер. Доаѓањето на Пацини го закова Пандев на клупата, посебно со игрите на последните три меча.

    Сега, пред македонскиот ас е шансата што треба да ја искористи, максимално да го експлоатира отсуството на Милито и да докаже дека заслужува првотимски статус, со игри, асистенции и голови, кои сезонава ги има премалку од него.