Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Белградски Партизан го победи својот градски ривал Црвена ѕвезда во финалето на кошаркарската АБА лига во Лакташи.
Црно-белите до триумфот стигнаа благодарение на Лео Вестерман и Дејвис Бертанс со по 15 поени, Мусли додаде девет, а Богдановиќ осум.
Сите играчи на Партизан по натпреварот изјавија дека верувале во триумфот, а некои отидоа чекор понапред велејќи дека утрото кога се разбудиле, сонувале дека го држат пехарот.
Капитенот Лучиќ изјави дека финалето било тешко и за гледање, и за играње.
Во ова финале нашиот млад тим покажа дека може да се бори за сите трофеи. Верувавме во победа од првата минута. Дури и кога Ѕвезда беше во предност, знаевме дека можеме да се вратиме-изјавил Лучиќ
Финалето го следеле околу три илјади гледачи, а натпреварот помина без инциденти на трибините. Двете екипи обезбедија учество во Евролига следната сезона.