Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Врвни резултати постигнаа каратистите на Shotokan Karate Klub Ronin Dojo од Куманово, на 10-тo Европско шотокан првенство, кое викендов се одржа во Албена, Бугарија.
Во силна конкуренција Николина Милорадовска освои прво место во борби (+68 kg ) и второ место во ката индивидуално, Марко Вељковски освои второ местo во ката индивидуално, Теодор Чуриќ трето место во ката индивидуално. Сениорскиот ката тим вo состав: Николина Милорадовска,Јована Стојковска и Ања Ангеловска се закитиja со второ место. Со одличен настап, но без пласман остана Матеја Милорадовска. Каратистите настапија како дел од Шотокан академија на Македонија.
- Shotokan Karate Klub Ronin Dojo од Куманово под менторство на сенсеи Оливер Милорадовски постои веќе 14 години и може да се каже дека на сите организирани натпревари како во нашата држава така и надвор од неа секогаш обезбедува високи резултати и натпреварувачите се закитуваат со медали и пахари. Со овие постигнати резултати Shotokan Karate Klub Ronin Dojo од Куманово повторно се крена на пиедесталот, - информираат од клубот.
Во наредниот период клубот ќе учествува на натпреварување во Скопје и Лесковец.