Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарскиот клуб „Пинк Пантери“ од Куманово изминатата седмица гостуваа во Атина каде што одиграа неколку натпревари со екипите на Панатинаиокос, Олипмпијакос и АБЦ.
Екипата која го претставуваше кумановскиот клуб беа кошаркари родени 2002 година и помлади, и ги измерија своите кошаркарски можности со нивните врсници од Грција. Резултатот беше во втор план, меѓутоа Пинк Пантери покажаа добра игра на сите натпревари.
„Ваквите гостувања и натпревари се од исклучително значење за нашиот клуб и нашите млади кошаркари кои со континуирано играње на квалитетни натпревари против квалитетни и реномирани екипи, се стекнуваат со непроценливо искуство кое многу ќе им значи во нивниот кошаркарски развој"- вели директорот на клубот, Бојан Златковски.
Кумановскиот состав имаше можност во живо да го проследи и Евролигашкиот меч помеѓу Панатинаикос и Црвена Звезда.
Ова не е прва ваква посета на Пинк Пантери, кои досега беа гости на Барселона, Фенербахче, ЦСКА и други европски кошаркарски гиганти.