Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово забележаа победа на премиерниот натпревар во новата сезона против тимот на Теодо од Тиват со резултат 78:75.
Тимот на Теодо се покажа како тежок противник и максимално го намачи Куманово во овој натпревар. Црногорците се покажаа како одличен дефанзивен тим и успејаа да ги неутрализираат речиси сите кошаркари на Куманово, освен Данило Мијатовиќ кој одигра маестрално.
Мијатовиќ и кумановската публика не се во најдобри односи по минатогодишното финале со МЗТ Скопје. Тој дури доби и свирежи на претставувањето, но одкако постигна 31 поен меѓу кои и една од клучните „тројки“ за победа тој доби аплауз и подршка што покажува дека односот помеѓу него и публиката ќе биде поправен.
Речиси целиот натпревар разликата беше минимална, се играше кош за кош, а Теодо во предпоследниот напад имаше шанса да го одведе натпреварот и во продолжетоци.
Покрај Мијатовиќ кој беше најефикасен поединец на натпреварот, за Куманово Миладин Пековиќ и Димитар Караколев постигнаа 12 поени. За Теодо Милош Ѓуришиќ постигна 19 поени.