×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Победи на Металург и Вардар Про

    21.02.2013 10:15 | KumanovoNews

    Ракометарите на Вардар Про и на Металург имаа успешни настапи и забележаа победи во дуелите од 13. коло во регионалната СЕХА лига.

    Победи на Металург и Вардар Про

    Актуелниот шампион во регионалното натпреварување, Вардар Про убедливо со 34-21 славеше на гостувањето во БиХ против тимот на Извиѓач. „Црвено-црните“ беа во водство во текот на целиот натпревар, а во последните 5 минути од средбата предноста станала и двоцифрена. Најефикасен во четата на Веселин Вујовиќ беше Филип Лазаров со 7 погодоци, додека солидно издание на голот имаше Чаневски со 10 одбрани.

    Претходно победа на домашен терен извојува и Металург, кој со 28-18 ја преслуша Слога Добој во салата во Автокоманда. Тимот на македонскиот шампион настапи без неколкумина стандардни првотимци, кои стратегот Лино Червар одлучи да ги одмори за неделниот меч од ЛШ против Силкеборг. Иако одиграа без Дарко Станиќ, Ренато Вугринец, Филип Миркуловски и Ванчо Димовски, Металург дојде до убедлива победа, за која најзаслужни беа Дејан Манасков со 10 и Миладин Козлина со 6 голови.

    Со победите, Металург и Вардар избија на второто, односно третото место на табелата, зад лидерот Мешков Брест, кој има 28 бода. Втор е металург со 27, додека Вардар е трет со 26, колку што има и Загреб.

    Табела: Мешков Брест 28, Металург 27, Вардар 26, Загреб 26, Ловќен 23, Татран Прешов 22, Нексе 22, Извиѓач 9, Борац 7, Слога 0.