×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Победникот во Лига Европа оди директно во Лигата на Шампионите

    24.05.2013 08:10 | KumanovoNews

    УЕФА потврди дека од сезоната 2015/2016 тимот кој ќе го освои пехарот во Лига Европа ќе обезбеди директен пласман во групната фаза од Лигата на шампионите.

    Победникот во Лига Европа оди директно во Лигата на Шампионите

    Лига Европа е формирана во сезоната 2008/2009 како наследник на Купот на УЕФА, но остана во сенката на Лигата на шампионите бидејќи не беше интересна за големите европските клубови.

    Сепак, од сезоната 2015/2016 тимовите кои ќе учествуваат во ова натпреварување ќе имаат голем предизвик. Имено УЕФА одлучи тимот кој ќе ја освои Лига Европа ќе обезбеди директен пласман во Лигата на шампионите наредната сезона.

    Оваа одлука се очекува да го подигне нивото на квалитет во Лига Европа, осовено кога е во прашање учеството на големите клубови, кои според истражувањето на УЕФА намерно губеле натпревари за да не учествуваат во ова натпреварување кое се смета за непрофитабилно.