Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Организаторите на „Ролан Гарос“ ќе ги сменат правилата за Ѓоковиќ и Надал да не можат да се сретнат уште во првите кола од турнирот.
Поради седум месечната пауза, Надал на „Ролан Гарос“ ќе биде петти носител и можно е според ждрепката да игра со Ѓоковиќ уште во четвртфиналето. Организаторите не сакаат тоа да се случи, па била донесена одлука да се смени контрукцијата на ждрепката и Надал да биде промовиран во втор носител, како награда за досегашните заслуги и освоени трофеи на „Ролан Гарос“.
Ваквиот потег ги става во нерамноправна улога Федерер, Мареј и Давид Ферер, кои би можеле во четвртфиналето да играат против Ѓоковиќ или Надал.