Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово загубија на гостувањето во Кавадарци од Фени Индустри со резултат 101-98.
Како по правило Куманово одигра неизвесна завршница, која кулминираше со ново продолжение. Во четири натпревари од Супер-лигата, Куманово на три од нив одигра додатни пет минути, но и овој пат не успеја да триумфира како што беше случај против Кожув.
Домаќинот на мечот губеше со 12 поени на полувреме, меѓутоа успејаа да ја анулураат предноста и на крај да ја забележат првата победа во Супер-лигата оваа сезона.
Ваквите падови во играта веројатно се должат најмногу на скратената ротација и целата ситуација со заминутањето на Мијатовиќ, по што Куманово немаше можност да најде кошаркар кој би ја дополнил таа позиција во тимот, но сепак играчите што се во екипата демонстрираат квалитетна игра во досегашниот дел од сезоната.
Димитар Караџовски со 27 поени беше најефикасен играч на натпреварот. Кај Фени Индустри, Кирил Николовски постигна 22 поени и 10 скока.
Следното коло, Куманово го игра против МЗТ Скопје Аеродром.