Последен натпревар на ракометарките оваа сезона
26.05.2016 10:12
| KumanovoNews
Ракометарките на Куманово во петок го играат последниот натпревар за оваа сезона против тимот на Пелистер, и со победа го потврдуваат пласманот во Еврочеленџ купот.

Овие две екипи веќе се сретнаа еднаш во Плеј-оф делот од сезоната каде што Куманово на гостински терен победи со резултат 18-23.
Натпреварот се игра во петок во салата на ОУ Христијан Карпош со почеток во 18:30.
Ракометарките можат да се пофалат со одлична сезона, имаат млад и перспективен тим кој се наоѓа веднаш зад големите конкуренти Вардар и Металург.