Познати се учесници за Фајнал-Фор турнирот на женската регионална лига
03.05.2013 13:37
| KumanovoNews
По малата војна меѓу екипите на Јагодина и на Заечар, нивните меѓусебни натпревари останаа неодиграни, а екипата на Заечар, наводно поради обврски, нема да ги одигра и сите преостанати средби во женската Регионална лига.

Регионалната лига е стопирана и, според моменталниот изглед на табелата, станаа познати четирите екипи учесници на фајналфорот на лигата.
Полуфиналните двојки се:
Подравка – ЖРК Металург
Будуќност – Локомотива
Фајналфорот ќе се одржи на 18/19 мај во Тиват (Црна Гора).
На 18 мај се играат полуфиналните средби.
На 19 мај, прво се игра натпреварот за третото место, а потоа и финалната средба.