Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со одигрувањето на реванш дуелите од осминафиналето, познати се осумте екипи кои изборија пласман во четвртфиналната фаза од Лигата на шампионите.
Како последен се пласира европскиот ракометен првак Кил, кој заедно со Металург, Атлетико Мадрид на нашиот Кирил Лазаров и со Флензбург се наоѓаат во иста група.
Екипите од оваа група ќе бидат домаќини во првиот натпревар, а нивни потенцијални ривали се носителите, односно првопласираните од групите: Хамбург, Барселона, Киелце и Весперм.
Извлекувањето на двојките ќе се одржи утре во Виена со почеток во 11 часот. Овојпат ќе нема никакви ограничувања, што значи дека може да играат меѓусебе екипи од иста држава, како и екипи кои биле во иста група.