Пријателски натпревар на ракометарките на Куманово и Кастриоти
23.02.2013 11:48
| KumanovoNews
Вчера во Спортската сала нашите ракометарки ја пречекаа екипата на Кастриоти од Урошевац.

Оваа беше пријателски натпревар, кој претставува загревање на кумановчанки за сезоната која следува.
Натпреварот заврши во полза на гостинот со резултат 23-31.
Следниот натпревар ЖРК Куманово го играат во четврток на домашен терен против екипата на Жито Прилеп. Натпревар кој изминатото коло од лигата не го одиграа.