×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Профил на европски фудбалер - повисок, побрз и постар!

    21.01.2011 12:51 | KumanovoNews

     Европските фудбалери во просек за да играат врвен фудбал се постари т.е. поискусни, и се повисоки и побрзи, покажува студијата на професионалната Опсерваторија за фудбалери, која соработува со ФИФА и на годишно ниво ги изработува истражувањата, а која ја побива Барселона.

    Профил на европски фудбалер - повисок, побрз и постар!

    ПФПО направила „скен“ на 13.000 фудбалери во 534 клуба во 36 земји во Европа, а многу интересни податоци и заклучоци донесе најновата студија за 2011 година, низ која се гледа трендот на побарувачка на играчи за врвните лиги на стариот континент, започнат со првото истражување пред две години.

    Меѓу најинтересните заклучоци се и тоа дека во просек Барселона има најниска екипа во Европа, но затоа таа е најдобра, па само Каталонците со својата перфекционистичка игра и златното момче Лионел Меси отстапуваат од трендовскиот заклучок за висина и искуство, но не и за брзина.

    Покрај Барса, заклучок е дека Манчестер јунајтед е најстабилен тим, Интер во чии редови игра Горан Пандев, како единствен наш претставник во најсилните пет лиги е најстар тим, додека Тотенхем е клуб, кој има најмногу активни репрезентативци од било кој друг европски клуб, па и врвните 10 тима на стариот континент.

    Рафаеле Поли, едек од ко-авторите на студијата во опсерваторијата со седиште во Нојшател (Швајцарија), ги следи европските фудбалери од 2005 година, а сега ги споредува резултатите од студијата во 2009 година.

    Гледаме дека фудбалерите во врвните лиги се се постари, по брзи и се повисоки. Генерално, повеќе од 45,7 отсто од нив имаат странски ангажман во кариерата, додека играњето за клуб, каде израснале падна од 26 отсто на 23,4 отсто. Патем интересно е што се повеќе се зголемува интернационализацијата на европскиот фудбал – вели Поли.

    Барселона во просек е висока 177 сантиметри, додека Матерсбург, каде член е репрезентативецот Илчо Наумоски и Волин од Лутск во Украина се највисоки клубови со просек од 186 сантиметри. Манчестер јунајтед е најстабилен клуб, затоа што во просек играч седи на „Олд Трафорд“, 5,71 година, за разлика од Олимпојакос Никозија на Кипар, кој 95 отсто од својот актуелен ростер се дојдени во минатата тековна година.

    Еврпскиот првак Интер со доминацијата во 2010 година докажа дека искуството е клучен фактор за успеси, па со 26,9 години е најстар европски тим. Досега Милан го држеше приматот. Најмлад европски тим, пак, е Олимпис Рига со 19,02 години. Во оваа категорија најмлад би бил и Вардар, ако истражувањето ја зафатело и Македонија.

    Лондонски Тотенхем може да направи два комплетни тимови со репрезентативци, затоа што во својот ростер има 23 „национали“, додека Ајакс има продуцирано најмногу играчи кои играле во врвните европски лиги – 54.

    Атлетик Билбао, пак, е единствен пример за домашни фудбалери – нема странец! Всушност одамна е познато оти во овој ултранационалистички клуб на сепаратистичката провинција Баскија, играат само Баскијци. За нив Французин од територијата на Баскија е домашен фудбалер (Лизаразу беше единствен пример на „странец).“

    Најмногу фудбалери што се домашно израснати играар на Исланд, 50 отсто, додека во Португалија играат само шест отсто од играчите што клубот низ младинско-пионерските школи ги израснал во професионалци.

    Според истражувањето, просечен европски тим има 24,5 играчи, од нив 5,2 отсто се до 21 година, 8,1 отсто се повисоки од 185 сантиметри, 5,7 отсто се домашно израснати, а 8,2 отсто се странци, од кои 1,1 отсто се Бразилци.

    Овој извештај е многу корисен за клубови како Манчестер јунајтед, Арсенал, Челси, Лил..., бидејќи на 80 страни имаат се, може да ги проучат трендовите, може да го користат како бенчмарк за да видат што противниците им работат. И челниците на главните организации исто така може да видат какви промени има во европскиот фудбал, пред да донесат клучни и клупни заклучоци – додава Поли.

    (кирилица)