×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Прогласени најдобрите спортисти за 2019 година

    19.12.2019 12:05 | KumanovoNews

    Велосипедистот Андреј Петровски од Велосипедскиот клуб “Вело М” Куманово е прогласен за спортист за 2019 година од Општинскиот сојуз на спортови во Куманово.

    Прогласени најдобрите спортисти за 2019 година

    Признанија за спортските успеси во 2019 добија и: Емил Цветанов- Велосипедски клуб “Kross sajkling”-велосипедист, Стефан Кимевски- МРК “Куманово”-ракометар голман, Никола Петрушевски- Клуб за бразилска џиуџица “The strongest and ruts” Куманово, Филип Стојановски- КК “Куманово 2009”, кошаркар, Александра Боризовска- ЖРК Куманово, ракометарка, Зоран Ристовски- Велосипедски клуб “Вело М”, велосипедист, Марјан Ивановски- Аеро клуб Куманово, пилот, Милош Велевски- Кик бокс клуб “Куманово 2006”, кик боксер, Матеја Ефремовска -Атлетски клуб Куманово, атлетичарка.

    Награда за животно дело ја доби Димитар Антевски, професор по физичка култура и тренер на ЖРК, најдобар спорски клуб ЖРК Куманово, најдобар спортист лице со инвалидитет Елена Давитковска и други. Признание за интернационален спортист Столе Димитриевски, голман во шпански клуб.

    На манифестацијата беа доделени дипломи, пехари, признанија и благодарници на најдобрите спортски клубови, спортисти, тренери и спортски работници од градот.

    Присутните ги поздрави претседателот на Сојузот на спортови Филип Колевски, кој истакна дека наградите ќе бидат потик за идните успеси на спортистите.

    „Она што е најважно, Куманово има голем спортски потенцијал, кој во голема мера е неискористет и неискажан. Одредена карактеристики на кумановскиот менталитет како борбеност, пркост, темпераментност и тврдоглавост се одлични за психичката конструкција на спортистот. Верувам дека овие карактеристики ќе бидат од помош за развојот и напредокот на спортот. Продолжете со поголема посветеност и пожртвуваност без разлика на сите пречки. Да се обидеме спортските резултати да ги однесеме не само на државно туку и на меѓународно ниво“,- порача Колевски на отворањето на манифестацијата.

    Градоначалникот Максим Димитриевски, вети дека локалната самоуправа во наредната година ќе се обиде да вложи повеќе во спортот, бидејќи тоа го заслужуваат спортистите коишто остваруваат врвни резултати на општинско, републично и меѓународно ниво.

    „Постојат многу градови во Европа и светот коишто постигнуваат многу поголеми резултати, но ние од Куманово имаме спорт од 2 години до 92 години. Развиваме спорт за сите генерациии. Сметам дека сме на добар пат да ги потикнеме спортските работници да работат повеќе, но и домашните бизнисмени да даваат повеќе за својот спорт и своите спортисти. Оваа година се подготвуваме со еден скромен буџет со кој располагаме да влеземе повторно во финансиска поддршка на спортот со около 11 милиони денари на годишно ниво. Битен дел од тоа ќе биде развојот на училишниот спорт бидејќи тука лежи иднината на спортот во Куманово“, вели Димитриевски.

    Оваа спортска манифестација е традиционална манифестација во градот Куманово која со години го верификува и наградува успехот на спортистите.

    На манифестацијата беше прикажан документарниот филм „90 години женски ракомет во Куманово“ од Марјан Стошевски.