Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово направија изненадување во првиот натпревар и ја остварија првата победа во финалната серија против МЗТ Скопје со резултат 84-87.
Освен прва победа во оваа серија, ова е прва победа на Куманово на гостински терен, и прва во новата сала Јане Сандански. Таа дојде во одличен момент за кумановчани кои одиграа одличен натпревар и не попуштија во клучните моменти од мечот. Последен од таквите беше одличната серија на Љубичич по која МЗТ поведе со максимални 12 поени разлика. Бојан Трајковски покажа зошто беше големо засилување на Куманово и постигна 32 поени, од кои 21 поен во последната четвртина. Марко Симоновски постигна 16 поени, а Вукашин Мандиќ го заврши натпреварот со 12 поени.
Во тимот на МЗТ Скопје Ѓорѓе Дреновац постигна 21 поен а Дамјан Стојановски го заврши натпреварот со 20 поени.
Слениот натпревар се игра во сабота, во Спортската сала во Куманово.