Ракометарите го пречекуваат Партизан, ракометарките гостуваат во Гевгелија
24.03.2017 11:17
| KumanovoNews
Ракометарите на Куманово во недела во 17:30 играат против тимот на Партизан.

По продолжувањето на сезоната, ракометарите забележаа два пораза, еден од Ринија и другот од тимот на Струга.
Куманово се наоѓа на четвртата позиција на табелата со 22 бода.
Натпреварот се игра во недела во Спортската сала со почеток во 17:30.
ЖРК Куманово утре патува за Гевгелија каде што ќе игра против истоимениот тим. По поразот од Вардар минатото коло, Куманово сигурно ќе смета дека ќе се врати на победничките патеки, имајки впредвид дека Гевгелија е предпоследна на табелата. Овој натпревар започнува во 14 часот.