×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ракометарите го пречекуваат Спартак, ракометарките домаќини на Гевгелија

    16.03.2018 11:07 | KumanovoNews

    Двете ракометни екипи од Куманово, овој викенд играат на домашен терен, каде што МРК Куманово го пречекува тимот на Спартак а ЖРК Куманово игра против последнопласираната Гевгелија.

    Ракометарите го пречекуваат Спартак, ракометарките домаќини на Гевгелија

    Ракометарките на Куманово одиграа одличен натпревар минатото коло, каде што без носителот на играта Александра Боризовска, успеаа да одиграат нерешено против тимот на Металург на гостински терен со резутлат 21:21. Мила Трајковиќ постигна 11 гола на тој натпревар и беше носител на играта на Куманово во овој специфичен момент за нив.

    Во недела во 16:30 тие ја пречекуваат екипата на Гевгелија која досега има само една победа, два нерешени натпревари и петнаесет порази. Младиот тим уште на натпреварот со Деспина покажа дека има квалитет, а резултатот со Металург само го потврдува тоа. Натпреварот ќе се игра во салата на ОУ Христијан Карпош.

    Ракометарите на Куманово го пречекуваат тимот на Спартак кој се наоѓа на дванаесетата позиција на табелата со три победи, два нерешени натпревари и десет порази. Куманово минатиот натпревар ја искористи предноста на домашен терен против поквалитетната Струга, па ова е шанса кумановчани да забележат нова победа во првенството. Тие играат во недела во Спортската сала со почеток во 17 часот.