Ракометарите го пречекуваат Вардар 2
03.06.2016 11:03
| KumanovoNews
Ракометарите на Куманово во сабота ја пречекуваат екипата на Вардар 2.

Кумановчани успејаа да се одлепат од дното на табелата во вториот дел од сезоната и сега со пет победи се наоѓаат на деветтата позиција. Во самиот финиш од сезоната, Куманово ќе се ги одмери силите со второпасираната екипа на Вардар 2.
Натпреварот се игра во Спортската сала во Куманово со почеток во 18:30 часот.