Ракометарите на Куманово нерешено против Астарион
30.09.2019 12:48
| KumanovoNews
Ракометарите на Куманово, вчера завршија со изедначен резултат против екипата на РК Астарион од Струмица, во рамките на второто коло од Првата машка ракометна лига 2019/20.
Овој натпревар заврши со резултат 21:21.
Во текот на првото полувреме на натпреварот, иако нашите ракометари се обидоа да постигнат повеќе голови, сепак резултатот беше изедначен со 8:8, додека пак на крајот на натпревароот со седмерец усепаја да изедначат.
Најмногу голови во текот на натпреварот постигнат: Влатко Тасевски со шест гола и Милош Стошиќ со четири гола.
Ова е трет натпревар во рамките на Првата машка ракометна лига 2019/20м во кој Куманово нема забележано неуспех.
Веќе на 12. октомври, МРК Куманово ќе игра против РК Алушoвски.