Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска со почеток во 18 часот, ракометарите на Куманово на гостински терен ќе го одиграат натпреварот од супер лигата против екипата на Вардар Про.
Со денешните натпревари ракометарите на Металург и Вардар Про ја започнуваат борбата за шампионската титула во домашното првенство.
Двата тима поради завршницата на СЕХА лигата ги одложија натпреварите од првото коло, а единствено се одигра дуелот Зомимак - Тинекс Пролет 27:23.
Двојките за денеска се: Вардар Про - Куманово, Тинекс Пролет - Металург (почеток 18:30 часот) и Пелистер - Зомимак (почеток 18:30 часот).