×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ракометарите на Металург вторпат подобри од Куманово

    13.05.2013 08:21 | KumanovoNews

    Вчера на домашен терен ракометарите на Куманово беа поразени на првенствениот натпревар од шестото коло на машката суперлига против екипата на Металург со 31:19 (15:11).

    Ракометарите на Металург вторпат подобри од Куманово

    Првото полувреме Металург го одигра со својата резервна постава: З.Мојсоски, Алушовски, Батиновиќ, Додер и Левов. На пикерската позиција настапи Димовски, а на голот Станиќ. Во одбрана повремено влегуваше и Мандиќ.

    Во овој дел од натпреварот се истакна Алушовски со пет постигнати гола, додека Левов даде три. Дарко Станиќ одбрани осум удари меѓу кои и еден седмерец.

    Во второто полувреме Мојсоски и Алушовски ги заменија Георгиевски и Коражија, а место Левов настапи Вугринец.

    Разликата почна нагло да се зголемува, па во 38. минута беше, 20:13, во 46. минута 24:13, а најголема беше во 53. минута, 28:15.

    Конечниот резултат од средбата е 31:19.

    Вугринец, со шест, и Алушовски и Коражија со по пет гола беа најпрецизните во редовите на РК Металург, додека кај нашите ракометари: Арсовски, Спасиќ 1, Трајчевски, Блажевски 5, Несторовски, Тасевски 1, Екиновиќ 1, Кузмановски 1, Ивановски, С.Трајковски 3, Јордановски, Миладиновски, Б.Трајковски, Димковски 4, Димитриоски и Георгиевски 3.