Ракометарите со лесна победа против екипата на Текстилец
16.12.2019 11:01
| KumanovoNews
Кумановските ракометари, на домашен терен, во рамикте на натпреварите од Првата машка лига, ја совладаа екипата на Текстилец. Натпреварот заврши со лесна победа за МРК Куманово со резултат 31:20.

Во првото полувреме од натпреварот Куманово постојано беше во водство, а крајот на првото полувреме го заврши со резултрат 12:9.
Во второто полувреме МРК Куманово ја зголемуваше разликата во голови, со што заврши со победа со 11 гола разлика.
Со оваа победа Куманово останува на петото место на табелата, а наредниот натпревар ќе го игра со екипата на РК Македонија ЃП.