16. 11. 2009 00:00

Ракометарите успешни, кошаркарите поразени

Ракометарите успешни, кошаркарите поразени

Ракометарите на Куманово во дуелот со РК Партизан - Кичево, издвојуваа убедлива победа. Со резултат 39:24 (18:8) само ја потврдија својата супериорност.

Најдобар поединец во победничкиот тим е  Виктор Петровски со постигнати 8 гола, ја потврди формата во која се наоѓа. Одлично деби имаше и новиот голман на Куманово Дејан Крстевски, кој за петнаесетина минути имаше 8 интервенции од кои 2 седмерци. Следнот натпревар ракометарите го играат со истата екипа само на гостински терен.

Во кошаркарската втора лига вчера се одигра меч за првото место. Во натпреварот помеѓу Куманово и Гоце Делчев, скопјани излегоа како победници по продолжението со резултат 90:87(74:74). Најзабележителен играч на натпреварот беше Далибор Димковски, кој беше прецизен 8 пати при шут за 3 поени. Во досегашниот дел од сезоната кумановчани имаат скор од 7 победи и 3 порази. Следниот меч се игра во недела (16:30ч) во Куманово против екипата на Кожув.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk