Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарките на Куманово загубија во првиот натпревар од Челенџ купот од Полскиот претставник Лублин со резултат 54:13.
Куманово немаше среќа како пред неколку сезони да добие лесен противник во оваа натпреварување. Разликата во квалитетот е очигледна и веќе е познат патникот во следната фаза. Резултатот на полувреме беше 24:4.
Викторија Пеовска со 5 гола и Александра Боризовска со 4 се најефикасните во домашниот состав.
Денеска од 18 часот се игра и вториот дуел, по што ракометарките ќе се вратат во Куманово.