Ракометарките ги пречекуваат Вардар Јуниор
10.10.2017 11:49
| KumanovoNews
Ракометарките на Куманово утре во салата на ОУ Христијан Карпош го пречекуваат тимот на Вардар Јуниор.

Во досегашниот дел од првенството, ЖРК Куманово има две победи и еден пораз од неприкосновениот прв тим на Вардар.
Вардар Јуниор се наоѓа на втората позиција на табелата со две победи и една нерешена средба, и тоа против тимот на Гевгелија која се наоѓа на дното на табелта.
Повеќе од сигурно е дека кумановчанки имаат шанси во овој натпревар, па утре со сигурност не очекува одлична средба.
Натпреварот започнува во 19:30.