Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со победата против Пелистер, женскиот ракометен клуб Куманово ја заврши сезоната, и обезбеди пласман во Европскиот Челенџ куп.
Уште на почетокот кумановчанки покажа дека Пелистер нема што да бара на овој натпревар. Резултатот на полувреме беше 16:6, а до самиот крај Куманово победи убедливо со 32:20.
Мила Трајковиќ постигна 8 гола во победата на Куманово. За Пелистер, Н.Трипковска постигна 12 гола.
Куманово ја заврши сезоната во најквалитетното женско домашно првенство како четвртопласирана со исклучиво домашни ракометарки. Како награда за успешната сезона, следува учество во Евро-Челенџ купот кој ќе го играат наредната сезона.