Ракометарките играат против Металург во првиот Плеј-оф натпревар
15.04.2016 12:08
| KumanovoNews
Ракометарките на Куманово утре започнуваат со Плеј-оф делот од сезоната каде што во првиот натпревар ја пречекуваат екипата на Металург.

Кумановчанки во овој дел од натпреварувањето ќе се обидат да завземат една од првите четири позиции кои имаат излез на Европските натпреварувања. Во овој дел од натпреварувањето се приклучува и учесникот на европскиот Фајнл-фор за оваа сеозна, првиот тим на Вардар.
Натпреварот против Металург се игра во сабота во салата на ОУ Христијан Карпош со почеток во 18:30.