Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
ЖРК Куманово забележа победа против екипата на Овче Поле со резултат 26:32.
Кумановчанки имаа водство во текот на целиот натпревар иако првото полувреме беше неизвесно и заврши со резултат 14:16. Во второто полувреме Куманово успеја да се одлепи и да ја сочува предноста по што го постави конечниот резултат 26:32.
Мила Трајковиќ постигна 9 гола и беше најефикасна на мечот. За Свети Николе, Димовска Симона постигна 8 гола.